Море

15:05:00 0 comments



го гледам морето како кон мене се искачува
и го слушам морето  д о б р о у т р о ми вели
а тоа ме слуша мене а јас му шепотам
 д о б р о у т р о  м о р е му велам тивко
та повторно потивко поздравот го повторувам
а морето ме слуша, ме слуша та се смее
та молчи та се смее та се искачува
и го гледам морето како кон мене се искачува
и то гледам морето го гледам морето златно
и го гледам морето како кон мене се искачува
и   д о б р о у т р о  му велам море златно
та   д о б р о у т р о  м о р е морето ми вели
та ме опфаќа околу шија
и морето и јас и јас со морето златно
заедно седиме на брегот на врвот од височинката
и му се смееме му се смееме на морето






 More

i gledam more gdje se k meni penje
i slušam more  d o b r o j u t r o  veli
i ono sluša mene ja mu šapćem
d o b r o j u t r o  m o r e  kažem tiho
pa opet tiše ponovim mu pozdrav
a more sluša sluša pa se smije
pa šuti pa se smije pa se penje
i gledam more gdje se k meni penje
i gledam more gledam more zlato
i gledam more gdje se k meni penje
i  d o b r o j u t r o  kažem  m o r e  z l a t o
i  d o b r  o  j u t r o  m o r e  more kaže
i zagrli me more oko vrata
i more i ja i ja s morem zlatom
sjedimo skupa na žalu vrh brijega
i smijemo se smijemo se moru




---

Јосип Пупачиќ (Слиме до Омиш, 19. 9. 1928 – Крк, 23. 5. 1971)  дипломирал на Филозофскот факултет на Загреб на Групата за хрватскиот јазик и југословенски книжевности. Работел како професионален писател, гимназиски професор и како уредник на списанијата Кругови и Книжевник. Подоцна бил асистент на Филозофскот факултет во Загреб (Катедра за постара хрватска литература). Загинал во авионска несреќа на Крк заедно са супругата и ќерката.

Поетски збирки: Дождовите им пеат на тополите (Kiše pjevaju jablanima, 1955); Момчиња (Mladići, 1955), Цвет надвор од себеси (Cvijet izvan sebe, 1958), Тестамент (Oporuka 1965), Номинација (Ustoličenje, 1965); Мојот крст постојано гори (Moj križ svejedno gori, 1971).

Неговата поезија од првата фаза е поврзана со родениот предел, со родниот крај,  со татковскиот дом. Доминираат складни слики на поличката краина, на Цетина, на одалечените острови и мориња. Во секој стих ѝ се восхитува на природата, очуден е  од незината убавина. Се потпира на усната поезија. Подоцна станува близок со експресионизмот, со разочарувањето, кое сепак го заменува со потрага   по утописката „нова заедница“. И во подоцнежната фаза најдобри му се песните  со мотиви од детството и од родниот крај, но сега  тие се исполнети со мистични чувства за светоста на животот и неизбежноста на смртта.

Vinko Kalinić

Urednik

„A što bih jedino potomcima htio namrijeti u baštinu - bila bi: VEDRINA. Kristalna kocka vedrine . . .“ Tin Ujević

0 comments:

Objavi komentar